Close Menu
Press24
    Најново

    Учениците во Србија се враќаат на настава, а веќе се знае кога почнува и зимскиот распуст

    16.11.2026 во 09:45

    Пожар проголта зграда на популарен туристички остров: 11 лица загинаа, меѓу нив осум жени

    16.11.2026 во 09:27

    Трагедија во Македонија: Млада докторка загина во сообраќајка, колегите се простуваат од неа

    16.11.2026 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Учениците во Србија се враќаат на настава, а веќе се знае кога почнува и зимскиот распуст
    • Пожар проголта зграда на популарен туристички остров: 11 лица загинаа, меѓу нив осум жени
    • Трагедија во Македонија: Млада докторка загина во сообраќајка, колегите се простуваат од неа
    • Денеска е Свети Георгиј: Започнуваат „волчјите денови“, еве кои обичаи ги почитувале нашите предци
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Дневен хороскоп: Новата недела носи пресврти за три хороскопски знаци
    • ФОТО: Стевче Јакимовски закрепнува по лекарска интервенција
    • Тажна вест: Замина професорот кој ги создаде „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Учениците во Србија се враќаат на настава, а веќе се знае кога почнува и зимскиот распуст

    Учениците во Србија се враќаат на настава, а веќе се знае кога почнува и зимскиот распуст

    16.11.2026 во 09:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците од основните и средните училишта во Србија денеска, 16 ноември, се враќаат на настава по петдневниот есенски одмор, додека следниот зимски распуст ќе започне во различни термини во зависност од регионот и степенот на образование.

    Согласно училишниот календар за учебната 2026/2027 година, први на зимски одмор ќе заминат учениците во Војводина. За нив првото полугодие завршува на 23 декември, а распустот ќе трае од 24 декември до 8 јануари 2027 година. Во училишните клупи во оваа покраина ќе се вратат во понеделник, 11 јануари, една недела порано од нивните врсници во остатокот од земјата.

    Во централна Србија, првото полугодие за основците завршува на 30 декември, па нивниот зимски распуст официјално започнува на 31 декември 2026 година. За средношколците, 31 декември е предвиден како работен но ненаставен ден, а нивниот одмор стартува на 4 јануари 2027 година. Сите ученици во централна Србија наставата ќе ја продолжат во понеделник, 18 јануари 2027 година.

    Во текот на второто полугодие следуваат уште неколку паузи. Празниците по повод Сретење се планирани од 15 до 19 февруари 2027 година, што заедно со викендите на учениците им носи вкупно девет последователни слободни денови.

    Пролетниот распуст на ниво на целата земја ќе трае од 30 април до 4 мај 2027 година, со враќање на настава в среда на 5 мај, додека во Војводина дополнителни ненаставни денови се предвидени и за 26 и 29 март 2027 година.

    Учебната година за учениците од прво до седмо одделение во Војводина завршува на 11 јуни, а летниот распуст почнува на 12 јуни 2027 година. Во централна Србија летниот одмор стартува на 14 јуни, додека за матурантите и завршните години важат посебни термини согласно полагањето на испитите.

    Прочитај повеќе

    Добри вести за пензионерите – од декември пензиите се зголемуваат

    15.11.2026 во 13:24

    Авиони на НАТО патролираат над Бугарија

    14.11.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.