Close Menu
Press24
    Најново

    Повеќе од 420 борци ги дадоа животите за слободно Скопје – Градот одбележува 82 години од ослободувањето

    13.11.2026 во 08:07

    Инџиково добива нова детска градинка – Мицкоски ќе присуствува на отворањето

    13.11.2026 во 08:06

    Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот

    13.11.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе од 420 борци ги дадоа животите за слободно Скопје – Градот одбележува 82 години од ослободувањето
    • Инџиково добива нова детска градинка – Мицкоски ќе присуствува на отворањето
    • Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот
    • Овој петок силен ветер над 80 км/ч – УХМР со лоша викенд временска прогноза
    • Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија
    • Фатен додека ограбувал куќа во село Девич: Уапсен 61-годишник од Македонски Брод
    • ЕУ најави нов пакет санкции за Русија и дополнителна помош за Украина
    • Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повеќе од 420 борци ги дадоа животите за слободно Скопје – Градот одбележува 82 години од ослободувањето

    Повеќе од 420 борци ги дадоа животите за слободно Скопје – Градот одбележува 82 години од ослободувањето

    13.11.2026 во 08:072 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје денеска одбележува 82 години од ослободувањето од фашистичката окупација, настан што се случил на 13 ноември 1944 година, по неколкудневни жестоки борби за ослободување на градот.

    По повод празникот, во текот на денот ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, како и на гробот на генералот Михајло Апостолски, во Алејата на заслужните граѓани. Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Ослободителите на Скопје, пред зградата на Владата.

    Од Град Скопје информираат дека централниот дел од одбележувањето ќе продолжи вечерва во Македонската опера и балет, каде што ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

    Скопје било ослободено на 13 ноември 1944 година, со учество на 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада. По повеќедневни борби, борците влегле во градот и ја завршиле фашистичката окупација.

    Судирите се воделе на повеќе значајни локации, меѓу кои улицата „Илинденска“, Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Во текот на ослободителните операции биле преземени активности и за заштита на хидроцентралата „Матка“ од уништување, како и за спречување на минирањето на Камениот мост, во што учествувале и граѓани.

    Во борбите за ослободување на градот животот го загубиле повеќе од 420 борци, додека вкупно околу 4.600 скопјани загинале во текот на Втората светска војна.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Инџиково добива нова детска градинка – Мицкоски ќе присуствува на отворањето

    13.11.2026 во 08:06

    Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот

    13.11.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.