Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на официјалното отворање на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково, во Општина Гази Баба.
Од Владата информираат дека по повод пуштањето во употреба на објектот, предвидена е изјава за медиумите од премиерот Мицкоски.
Настанот е закажан за во 11 часот.

