Европската Унија ќе продолжи да обезбедува значителна финансиска и воена помош за Украина, а Европската комисија го подготвува 22-иот пакет санкции против Русија и испраќа 500 генератори за електрична енергија за да им помогне на Украинците да ја пребродат зимата, се наведува во заедничкото соопштение на претседателот на Европскиот совет и претседателката на Европската комисија.
Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен денеска во Даблин, во рамките на самитот на Европската политичка заедница, се сретнаа со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Во заедничкото соопштение се истакнува и дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина во напорите за постигнување праведен и траен мир со што ќе се гарантира нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и безбедноста на европскиот континент.
На следниот состанок на Европскиот совет, што ќе се одржи на 26 и 27 ноември, како што најавија, ќе бидат разгледани итните финансиски потреби на Украина за 2027 година, врз основа на предлогот на Европската комисија.
Украина мора да преговара од позиција на сила, а Русија мора да биде убедена дека треба да седна на преговарачката маса со искрена намера да постигне мир, истакнаа Кошта и Лајен.

