Close Menu
Press24
    Најново

    Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото

    12.11.2026 во 21:22

    Нов чекор кон дигитализација и модернизација на водоводниот систем во Биола

    12.11.2026 во 21:13

    Путин прифати европски претставници во мировните преговори за Украина

    12.11.2026 во 20:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото
    • Нов чекор кон дигитализација и модернизација на водоводниот систем во Биола
    • Путин прифати европски претставници во мировните преговори за Украина
    • Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
    • Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
    • Полицијата го фатила на дело: Влегол во стан и се обидел да украде два куфери со ловечки пушки и муниција
    • Уште 26.000 вакцини против грип утре или в понеделник ќе бидат во употреба
    • Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема подобра заштита за сипаници од вакцинацијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото

    Максим Димитриевски: Компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото

    12.11.2026 во 21:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува во Владата сè додека се почитуваат договорените коалициски принципи, но нема да прифати решенија што го усложнуваат правниот систем и го доведуваат во прашање уставниот поредок на државата. Ова го истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, говорејќи за актуелните политички прашања, предлогот за полагање на правосудниот испит на албански јазик и односите во владината коалиција.

    „Во политиката постои компромис, но во владеењето на правото нема компромис. Предлогот на министерот Шасивари е хибридно решение, а триумфализмот е неоснован, бидејќи Владата нема донесено одлука, туку предлогот е испратен на мислење во Венецијанската комисија. Согласно Уставот и постојниот закон, не постои можност правосудниот испит да се полага на албански јазик“, истакна Димитриевски.

    Тој потенцираше дека доколку вакво решение биде доставено до Собранието, ЗНАМ ќе се произнесе негативно, а доколку ставот на партијата не биде почитуван, ќе го преиспита своето учество во Владата. Димитриевски нагласи дека ЗНАМ не учествувал во каков било политички договор за ова прашање и очекува на најавената лидерска средба во декември партијата да биде активно консултирана, а не само дополнително информирана. Тој упати порака дека заштитата на правниот поредок, легализмот и почитувањето на Уставот се принципи од кои ЗНАМ нема да отстапи. Притоа посочи дека правосудниот испит имаат право да го полагаат дипломирани правници со една или две години работен стаж на правни работи, а не студенти, и дека во правосудниот систем прецизното разбирање на правната терминологија и познавањето на официјалниот македонски јазик се од круцијално значење.

    Осврнувајќи се на односите во владината коалиција, Димитриевски оцени дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е конструктивна и одлична. Тој ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЗНАМ креира вештачка политичка криза за предизвикување предвремени избори, нагласувајќи дека одлуката за избори е во надлежност на премиерот. Во однос на политичките барања на ДУИ за правосудниот испит, Димитриевски оцени дека станува збор за иницијатива која повторно ја отвора темата за прашања што веќе биле предмет на политички расправи, а упати порака до моноетничките политички партии дека мора да ги почитуваат законите и институциите на државата.

    Прочитај повеќе

    ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка

    12.11.2026 во 17:04

    Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

    12.11.2026 во 14:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.