Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди и локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на одделни места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 9 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе изнесува 11 степени, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Според најавите на УХМР, под влијание на серија влажни воздушни бранови, во наредниот период се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, претежно со слаб до умерен интензитет. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Денешниот ден ќе биде релативно топол, со температури значително повисоки од просечните за овој период од годината. Сепак, веќе од утре се очекува промена на временските услови поради продор на постудена воздушна маса од север, што ќе предизвика пад на температурите, особено во северните делови од земјата.

