Close Menu
Press24
    Најново

    Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот

    13.11.2026 во 08:04

    Овој петок силен ветер над 80 км/ч – УХМР со лоша викенд временска прогноза

    13.11.2026 во 07:59

    Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија

    12.11.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот
    • Овој петок силен ветер над 80 км/ч – УХМР со лоша викенд временска прогноза
    • Македонија домаќин на Балканските медицински наменски сили: Над 100 припадници од шест земји со заедничка мисија
    • Фатен додека ограбувал куќа во село Девич: Уапсен 61-годишник од Македонски Брод
    • ЕУ најави нов пакет санкции за Русија и дополнителна помош за Украина
    • Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
    • Одржан координативен состанок во Тетово за превенција од малолетничка деликвенција
    • Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера, истрагата не утврди вина кај полициските службеници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот

    Колку пари ќе има за пензии, плати и здравство во 2027 година: Почнува собраниската расправа за буџетот

    13.11.2026 во 08:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја отвора расправата за Предлог-буџетот за 2027 година, кој влегува во второ читање. За предложениот документ се доставени повеќе од 300 амандмани, а комисиската расправа ќе трае десет дена, во рамки на кои ќе се разгледуваат буџетските приоритети и поднесените измени.

    Со предложениот буџет, државата за наредната година планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Разликата меѓу приходите и расходите резултира со буџетски дефицит од 45 милијарди денари, што претставува 3,5 проценти од бруто-домашниот производ.

    Капиталните инвестиции се проектирани на 40,8 милијарди денари, додека за даночни приходи се очекува да бидат собрани 223,1 милијарди денари. Значителен дел од расходите ќе бидат наменети за социјални трансфери, за кои се предвидени 220,8 милијарди денари. Од оваа сума, 123,8 милијарди денари се планирани за исплата на пензиите.

    Покрај редовните буџетски расходи, во 2027 година државата ќе треба да обезбеди и средства за отплата на долгот. Вкупните обврски за сервисирање на долгот изнесуваат 124,6 милијарди денари, од кои 46,5 милијарди се однесуваат на надворешниот долг. Меѓу поголемите обврски е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година, која доспева за отплата наредната година.

    За покривање на буџетскиот дефицит и достасаните обврски, Владата предвидува задолжување на домашниот и меѓународниот пазар. Планирано е домашно задолжување од 36,3 милијарди денари, како и 60 милијарди денари преку едногодишни државни хартии од вредност, додека задолжувањето во странство е проектирано на 86,8 милијарди денари.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, при презентацијата на буџетот на 30 октомври, порача дека главниот фокус е одржување на стабилноста на јавните финансии, постепено намалување на дефицитот и создавање услови за економски развој и подобрување на животниот стандард.

    Според неа, буџетот е подготвен во услови на неизвесни меѓународни економски движења, поради што посебно внимание било посветено на реалноста на приходните проекции и контролата на јавните расходи.

    Меѓу планираните издвојувања се и средства за зголемување на платите во јавниот сектор, социјална заштита, здравство и одбрана. За социјална заштита се предвидени 14,3 милијарди денари, за мерки за вработување 2,9 милијарди денари, а за здравството се планирани дополнителни 3,9 милијарди денари во однос на тековната година. За одбраната, пак, се издвоени средства во висина од два проценти од БДП, согласно обврските од членството во НАТО.

    Општините се очекува да добијат трансфери од околу 36 милијарди денари преку блок-дотации и дотации од ДДВ.

    Во делот на инфраструктурата, Димитриеска Кочоска посочи дека ќе продолжи реализацијата на голем број проекти, меѓу кои автопатските делници Кичево–Букојчани, Кичево–Охрид и Скопје–Блаце, како и активностите на Коридорите 8 и 10Д. Предвидено е и унапредување на железничката инфраструктура, локалните патишта, енергетската ефикасност на јавните објекти и воведување брз автобуски превоз во Скопје.

    Министерката појасни дека средствата за Јавното претпријатие за државни патишта повеќе не се планираат директно во државниот буџет, бидејќи претпријатието самостојно ги обезбедува потребните финансиски средства.

    Во меѓувреме, денеска собраниски комисии ќе расправаат и за предложените измени на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка. Предлогот е на дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Законодавно-правната комисија.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Овој петок силен ветер над 80 км/ч – УХМР со лоша викенд временска прогноза

    13.11.2026 во 07:59

    Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка

    11.11.2026 во 16:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.