Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија

    10.11.2026 во 16:47

    УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

    10.11.2026 во 16:39

    Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол

    10.11.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
    • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
    • Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол
    • Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година
    • Сиљановска-Давкова упати сочувство до претседателката на Бугарија по трагедијата на автопатот „Тракија“
    • Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра
    • Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија
    • Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија

    Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија

    10.11.2026 во 16:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Република Литванија, во чии рамки оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи Кештудис Будрис и официјално ја отвори првата резидентна Амбасада на Република Северна Македонија во Вилнус.

    На средбата со министерот Будрис во фокусот беа натамошното унапредување на политичкиот дијалог, економската соработка, евроинтегративната агенда, актуелните безбедносни предизвици и соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.

    Посебно внимание беше посветено на европската интеграција, надминувањето на пречките и динамизирањето на пристапниот процес. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Литванија за стратешката цел на државата, полноправно членство во Европската Унија.

    Тој ја реафирмираше посветеноста на Владата на спроведувањето на реформската агенда, како и конструктивниот пристап кон изнаоѓање заемно прифатливо решение во билатералниот дијалог со источниот сосед, засновано на европските вредности и принципи.

    Централен настан во рамките на посетата беше официјалното отворање на македонската Амбасада во Вилнус, со што се отвора ново поглавје во односите меѓу двете држави и се создаваат дополнителни можности за продлабочување на политичката, економската и институционалната соработка.

    „Повеќе од три децении нашите две држави градат пријателство засновано на меѓусебна почит, доверба и вредности што ги споделуваме“, истакна Муцунски.

    Воедно, тој изрази посебна благодарност за солидарноста покажана по трагичниот пожар во Кочани, кога четворица од најтешко повредените пациенти беа примени на лекување во Вилнус и Каунас.

    „Македонскиот народ нема да го заборави тоа. Семејствата во Кочани нема да го заборават тоа. И јас нема да го заборавам тоа“, истакна Муцунски.

    Министерот посочи дека новото дипломатско присуство ќе отвори дополнителни можности за економско, образовно, културно и технолошко поврзување.

    „Гледаме можности за продлабочување на економските врски, зголемување на трговијата и инвестициите, за поврзување на нашите студенти, академската заедница и уметниците, како и за заедничка работа во областа на иновациите и дигиталната трансформација“, рече Муцунски.

    На крајот, тој ја нагласи и пошироката улога на новата Амбасада во натамошното поврзување на двете држави.

    „Оваа Амбасада ќе биде мост меѓу Скопје и Вилнус, меѓу нашите институции и бизнис-заедници, и меѓу нашите граѓани. Заедно, нашите две дипломатски мисии ќе создадат посилна основа за дијалог, соработка и нови можности што ќе создаваат конкретни придобивки за граѓаните“, истакна Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра

    10.11.2026 во 15:25

    Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија

    10.11.2026 во 15:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.