Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, додека во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд, соопшти УХМР.
По одделни котлини во текот на денот се очекува појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во следните денови, сè до почетокот на следната седмица, времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Од сабота, поради продор на постудена воздушна маса од север, температурата на воздухот ќе биде во опаѓање, а во петок ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

