Close Menu
Press24
    Најново

    Останаа уште неколку дена: Полицијата ќе ве „удри по џебот” 45 евра за овој прекршок

    10.11.2026 во 08:47

    Драма во Македонија: Мајка си го пријавила синот во полиција

    10.11.2026 во 08:42

    Нови случаи на семејно насилство во Македонија: Претепана сопруга со децата, нападната и невенчана партнерка

    10.11.2026 во 08:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Останаа уште неколку дена: Полицијата ќе ве „удри по џебот” 45 евра за овој прекршок
    • Драма во Македонија: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Нови случаи на семејно насилство во Македонија: Претепана сопруга со децата, нападната и невенчана партнерка
    • Што доби македонската полиција од соработката со ОБСЕ: Тошковски се прости со амбасадорот Вал
    • Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие
    • Одлична вест за возачите – Горивата драстично поевтини
    • Ладно утро низ Македонија – УХМР најавува уште поголем пад на температурите
    • 2.158 амандмани за Законот за јавни набавки – Собранието повторно расправа по ветото на Сиљановска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлична вест за возачите – Горивата драстично поевтини

    Одлична вест за возачите – Горивата драстично поевтини

    10.11.2026 во 08:24Updated:10.11.2026 во 08:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Возачите од полноќ точат гориво по значително пониски цени. Новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика веќе стапи во сила, со што цените на нафтените деривати се намалени во просек за 7,51 процент.

    Најголемо поевтинување кај бензините има кај двата типа Еуросупер. Бензинот БС-95 се продава за 86 денари за литар, што е намалување за седум денари, додека БС-98 сега чини 88 денари за литар.

    Пониски цени важат и за дизелот, кој поевтини за 5,5 денари и сега се точи за 94,5 денари за литар.

    Намалена е и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое сега изнесува 103,5 денари за литар, односно 6,5 денари помалку. Мазутот поевтини за 6,26 денари по килограм и се продава за 49,31 денар.

    Од Регулаторната комисија посочуваат дека намалувањето е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати и понискиот курс на доларот, но и на владините мерки за намалување на акцизите.

    Акцизата е намалена за два денара по литар кај бензините, односно за четири денари кај дизелот. Дополнително, за дизелот се применува и намалена стапка на ДДВ од 10 проценти.

    Новите цени важат од полноќ.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Останаа уште неколку дена: Полицијата ќе ве „удри по џебот” 45 евра за овој прекршок

    10.11.2026 во 08:47

    Драма во Македонија: Мајка си го пријавила синот во полиција

    10.11.2026 во 08:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.