Close Menu
Press24
    Најново

    До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија

    08.11.2026 во 11:39

    Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

    08.11.2026 во 11:15

    АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени

    08.11.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија
    • Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција
    • АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени
    • СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување
    • Народната банка носи одлуки, а не партиите: ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за „Алта банка“
    • СДСМ: Доцнат плати во државни институции и општини – дали Мицкоски ја испразни државната каса?
    • Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
    • Метеоаларм од УХМР: Променливо облачно време со услови за дожд и прв снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија

    До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија

    08.11.2026 во 11:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До 20 ноември студентите може да аплицираат за студентска стипендија за академската 2026/2027.  Пријавувањето на  конкурсот што го објави МОН  е исклучиво електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk

    Вкупниот број стипендии останува непроменет од лани (3000), но МОН годинава воведе нов модел на стипендирање, со нови категории и поинаква распределба на средствата.

    – Промената не е во намалување на поддршката, туку во нејзино подобро насочување и пошироко препознавање на потребите и потенцијалите на студентите. Се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. Новиот модел носи поинаков пристап во распределбата на државната поддршка – пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадар во области од стратешко значење за државата, соопшти МОН.

    Во категоријата 1200 стипендии за социјална поддршка, првпат се воведуваат посебни стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести, со по 50 стипендии за секоја од овие категории.

    -Со ова, Министерството прави значаен чекор кон поинклузивно образование и создавање еднакви можности за студентите, препознавајќи ги нивните специфични потреби и поддржувајќи го нивното право на образование и академски развој, наведе МОН во објавениот конкурс, нагласувајќи дека со него поставува основа за посовремен и понасочен систем на студентско стипендирање.

    Се воведува и нова категорија од 1050 стратешки стипендии, наменети за студенти кои студираат во области од особено значење за идниот развој на државата. Изборот на студиските програми е утврден со одлука од 3 ноември 2026 година на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност, со која се определени студиските програми од стратешки интерес за државата. Станува збор за студиските програми по математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство.

    Дополнително, се воведуваат и 750 стипендии за студенти кои постигнуваат висок академски успех, односно имаат просечен успех од најмалку 8,50 и континуирано ги исполнуваат академските обврски. На овој начин, посочува МОН, Министерството дополнително го вреднува знаењето, посветеноста и трудот на студентите што постигнуваат особени резултати во текот на студирањето.

    За стратешките стипендии месечниот износ е 18.000 денари, а за социјалните стипендии и стипендиите за висок академски успех износот е 6.050 денари. Стипендиите се исплаќаат во текот на девет месеци од студиската година.

    Покрај ова, во тек е и пријавувањето на уште два конкурса за академската 2026/2027 година – за доделување 15 стипендии за студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик и за поврат на средства за купен музички инструмент. 

    Прочитај повеќе

    Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

    08.11.2026 во 11:15

    СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување

    08.11.2026 во 10:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.