Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре (6 ноември 2026 година) ќе биде домаќин на министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис.
Како што соопштија од Министерството, во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, со посебен акцент на политичката, економската и развојната сфера, континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка, како и европската перспектива на земјава.
За време на средбата, двајцата министри ќе разменат мислења за актуелните политички состојби, регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и за глобалните и регионалните безбедносни и геополитички предизвици. По посебен агол ќе се разгледува улогата на ОБСЕ во зачувувањето на мирот, стабилноста и безбедноста, во контекст на швајцарското претседавање со Организацијата.
Според предвидената агенда во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пречекот на министерот Касис ќе биде во 09:50 часот, по што од 10:00 до 10:20 часот ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата министри.
Заедничката прес-конференција на Муцунски и Касис е закажана во терминот од 10:25 до 10:55 часот.

