Пријавен е случај на физичко насилство врз малолетно девојче во скопско. Нејзиниот татко на 3 ноември го пријавил случајот во полиција, наведувајќи дека два дена претходно, во семејниот дом, неговата ќерка била нападната од нејзиниот 20-годишен вонбрачен партнер и неговата 42-годишна мајка.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

