Close Menu
Press24
    Најново

    Од 0 до 14 степени: Големи температурни разлики во Македонија – УХМР со детали

    03.11.2026 во 10:24

    Пожар во зграда, 15 жители итно евакуирани: Драма во Чачак

    03.11.2026 во 10:24

    Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции

    03.11.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 0 до 14 степени: Големи температурни разлики во Македонија – УХМР со детали
    • Пожар во зграда, 15 жители итно евакуирани: Драма во Чачак
    • Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции
    • Ќе се бара нов газда за Алта Банка
    • Фудбалер почина по сериозна несреќа на фудбалскиот терен
    • Астролошки пресврт: Се менува судбината на 4 знаци
    • „Окта“ гази: За 9 месеци заработила чисти 33,5 милиони евра – раст на профитот за 361%
    • Русија го погоди Харков: Оштетена е болница, се евакуираат над 200 пациенти, 60 повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од 0 до 14 степени: Големи температурни разлики во Македонија – УХМР со детали

    Од 0 до 14 степени: Големи температурни разлики во Македонија – УХМР со детали

    03.11.2026 во 10:241 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Попова Шапка утрово е најстуденото место во земјава, каде во 10 часот се измерени 0 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со 14 степени, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Во Скопје во истиот период се измерени 9 степени Целзиусови.

    Според утринските мерења на УХМР, температурните разлики меѓу одделни делови од земјава и денеска се забележливи, при што најниската температура е регистрирана на планинските предели, а највисоката во југоисточниот дел од земјата.

    Денеска во земјава ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вечерните часови се очекува постепено престанување на врнежите.

    Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, особено долж Повардарието.

    Утринските температури ќе се движат од 6 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 14 степени.

    Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 12 степени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Македонија забрзано се дигитализира: Октомври со рекорден број трансакции

    03.11.2026 во 10:17

    Им наплаќал на Турци за да положат испити – апсење и скандал на Универзитетот во Штип

    03.11.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.