Повеќе локации во општините Гази Баба и Илинден денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Од ЕВН информираат дека прекинот во Гази Баба ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до 11:30 часот. Без електрична енергија ќе бидат жителите на улиците „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“. Интервенцијата опфаќа чистење и проверка на расклопната опрема, како и дополнување масло во кабловските глави и трансформаторот.
Во општина Илинден, прекин на електричната енергија е најавен за селото Мралино во периодот од 08:40 до 10:40 часот, поради работни активности на 10 kV далновод.
Дополнително, од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Благоја Стефковски“ и улицата „Анри Барбис“ во општина Гази Баба, поради интервенција во трафостаницата „Маџари 8“.

