Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    02.11.2026 во 12:42

    Охриѓанка пријавена за одземање на дете – не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

    02.11.2026 во 12:39

    Утре ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања

    02.11.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија
    • Охриѓанка пријавена за одземање на дете – не ја вратила малолетната ќерка на сопругот
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на листата за исклучувања
    • Ќе нема вода – најавени исклучувања во повеќе скопски населби
    • По 15 години Македонија повторно под лупа на ОН: Ќе ја оценуваат борбата против тероризмот
    • Приведен Давор Мацура: Полицијата ги претресуваше просториите на АЛТА банка повеќе од 30 часа
    • 104 онлајн казина одат во блокада – Вкупно 462 на црната листа
    • Пајакот прави „чистка“ во Центар: Отстранети 120 непрописно паркирани возила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    Филипче: Една година предупредувавме за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија

    02.11.2026 во 12:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, потсети дека СДСМ речиси една година предупредуваше за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеја информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека  предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства.

    „Скоро година дена наназад укажуваме за проблемот којшто беше тогаш, сега веќе настана со Алта банка. Укажувавме на тоа дека е тоа банка којашто настанала од една многу мала штедилница, дека тоа се луѓе блиски на Александар Вучиќ, негови пријатели, дека во медиумите има информации, имаше информации од Србија дека тоа се пари од криминални коруптивни сделки, од трговија со дрога, пари опљачкани од граѓаните“, рече Филипче.

    Тој посочи дека одговорноста за настанатата ситуација е кај власта на Мицкоски, која овозможи влез на Алта банка во земјава, а денес илјадници граѓани не можат да располагаат со своите пари.

    „И еве проблемот се случи, се случи и кај нас. Дека оваа власт кај нас во Македонија, предводена од Христијан Мицкоски, е арамиска и криминална, ова е само уште еден од доказите. За жал, сега на директна штета на граѓаните коишто тоа ќе го почувствуваат по своите џебови. Илјадници луѓе коишто денес не може да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките, како што вчера најавуваше дека тоа ќе функционира гувернерот, очигледно соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен коруптивен криминален процес на носење на Алта банка во земјава“, рече Филипче.

    Филипче предупреди дека последиците можат да бидат уште поголеми и дека граѓаните веќе се загрижени за сигурноста на своите депозити и во другите банки и посочи дека премиерот Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Славески  треба да одговорат за загрозувањето на средствата на граѓаните.

    „Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150-180 милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски сака да ни намести предвремени избори

    02.11.2026 во 10:46

    „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски

    02.11.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.