Повеќе скопски улици и населби денеска ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Прекини во водоснабдувањето се најавени на следните локации:
- Усје: Поради уличен дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата 4, број 3, без вода ќе бидат корисниците од истата улица. Прекинот започнал во 09:15 часот.
- Трнодол: Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата Кнез Хацон 2, без вода ќе бидат жителите на населбата. Прекинот е најавен од 11:15 часот.
- Франц Лист и околината: Поради уличен дефект на улицата Франц Лист 25, со прекин во водоснабдувањето ќе се соочат жителите на улиците Франц Лист, Петре Филиповски Гарката и дел од улицата Жан Жорес. Прекинот е најавен од 11:15 часот.
- Периша Савелиќ: Поради дефект во шахта на број 15, без вода ќе бидат корисниците од истата улица. Прекинот започнал во 11:30 часот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекините ќе траат до завршување на работите и санирање на дефектите.

