Историската промена во Србија и падот на Александар Вучиќ означуваат почеток на размонтирање на балканскиот криминален октопод, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, овие случувања директно ќе доведат до отворање истраги и расчистување на соработките и во Македонија.
Историската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски. Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност, истакна Кузеска.
Таа нагласи дека на граѓаните сега им се јасни сите прашања поврзани со тендерите, енергетиката, бизнис мрежите кои водат кон Србија, како и прашањата околу протокот на дрога и истрагите за крипто-платформата „Скај“. Дополнително, Кузеска се осврна на влезот на Алта банка во земјава, медиумските проекти како српскиот Еуроњуз и „Ало група“, како и на функционирањето на бот-централи и трол фарми за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија а беше запрена во Европа. Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка, нагласи тя.
Во своето обраќање, претставничката на СДСМ го обвини владеењето со политичките партии-сателити, посочувајќи ги движењата како ЗНАМ и Левица како дел од „школото на Вучиќ“ насочено кон цепкање на опозицискиот глас.
Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски. Следат разврски, истраги и расчистување со криминалната организација, делче по делче, порача Кузеска.

