Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО
    • Трамп подготвува голем пресврт: САД и Канада се блиску до историски договор за царините
    • Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“
    • Воз удрил во автомобил кај Заечар – во возилото имало три девојки
    • Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег
    • „Нов свет, ново лидерство“: Иванов ја отвори Школата за млади лидери
    • Разорни ветрови удрија преку ноќ во Анталија: Торнадо погоди контејнери каде што спиеле работници, четворица загинаа
    • Жените денеска никако не смеат да направат една работа – Важно народно верување за Петковден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО

    Македонски пратеници со Руте разговараа за приоритетите на НАТО

    27.10.2026 во 10:552 Mins Read
    Собрание на РСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За првпат беше одржан парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО (NAC), на кој учествуваа претставници на националните парламенти на земјите членки на Алијансата. Средбата се одржа во Брисел, во организација на Парламентарното собрание на НАТО и Алијансата, а во фокусот беа одбранбените приоритети, инвестициите и исполнувањето на преземените обврски.

    На состанокот присуствуваа и пратениците од македонското Собрание Драган Ковачки, шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО, и Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.

    Учесниците разговарале со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело, како и со претставници на раководството на Алијансата и пратеници од земјите членки.

    Целта на средбата била да се зајакне соработката меѓу парламентите и НАТО во спроведувањето на договорените приоритети од самитите во Хаг во 2025 година и Анкара во 2026 година.

    Во разговорите била нагласена потребата од координиран пристап кон зголемувањето на средствата за одбрана, развојот на воените капацитети, набавката на опрема и зајакнувањето на отпорноста на сојузничките држави.

    Претставниците на Алијансата истакнале дека одбранбената подготвеност зависи од единството меѓу сојузниците, континуираните инвестиции и навременото обезбедување на потребните капацитети. Посебно внимание било посветено на трансатлантската соработка и на зголемувањето на придонесот на европските членки во конвенционалната одбрана.

    Една од темите била и примената на обврската преземена на Самитот во Хаг за издвојување 5 проценти од БДП за одбраната и поврзаните безбедносни потреби. Биле разменети искуства за начините на кои националните парламенти можат да придонесат кон исполнување на овие цели и обезбедување долгорочна политичка и финансиска поддршка за НАТО.

    На состанокот се разговарало и за можностите за продлабочување на соработката меѓу парламентарните комисии за одбрана, Парламентарното собрание на НАТО и Северноатлантскиот совет.

    Како што информираат од Собранието, парламентарната дипломатија има важна улога во јакнењето на трансатлантските односи и претворањето на заедничките одбранбени обврски во конкретни национални политики и планови.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Шилегов се огласи по изборите во Србија: „Значи, кој е следен?“

    27.10.2026 во 10:48

    Студен ден во Македонија, УХМР ги измери температурите – Очекувајте дожд и снег

    27.10.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.