УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во осум часот утринава. Утрото е врнежливо и тмурно, но не е многу студено.
Според мерењата на синоптичарите, денеска, 22.10.2026 година, најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 6 степени.
Од друга страна, најтопло утринава во осум часот е во Гевгелија, каде УХМР измери 16 степени. Иста температура е измерена и во Демир Капија утринава.
Во Скопје во осум часот се измерени 14 степени.
Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. На места се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи, а по одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 13 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во попладневните часови и во текот на ноќта. Во делови од котлината се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 22 степени.
Според прогнозата на УХМР, утре, во петок, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во сабота времето ќе биде стабилно, додека од недела и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со повремени локални врнежи од дожд.

