Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесено обвинение за тешко убиство кај Рума: 19-годишник се сомничи дека го убил партнерот на мајка си и го запалил телото
    • Цената на нафтата расте
    • Падна криминална група која планирала хаос на изборите во Белград
    • Девојче префрлено со хеликоптер во болница – косата и се заглавила во филтер на базентот во кој пливала во објект во Рабац
    • Македонија како порта кон Централна Европа – Николоски разговараше со турскиот амбасадор
    • Вкрстено испрашување на градежниот вештак – Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“
    • Се урна воен авион во Франција
    • Ќе спиеме еден час повеќе – За неколку дена ги враќаме стрелките на часовникот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поднесено обвинение за тешко убиство кај Рума: 19-годишник се сомничи дека го убил партнерот на мајка си и го запалил телото

    Поднесено обвинение за тешко убиство кај Рума: 19-годишник се сомничи дека го убил партнерот на мајка си и го запалил телото

    21.10.2026 во 11:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица поднесе обвинение против 19-годишниот Александар Ѓ. од Хртковци за тешко убиство на Милош Павловиќ (48) од Платичево, чие изгорено тело беше пронајдено во реонот на ова село.

    Според обвинението, младиот човек се сомничи дека кон средината на април, по вербална и физичка пресметка, го убил Павловиќ со секира, а потоа го однел телото во блиската шума, го полеал со бензин и го запалил со цел да ги прикрие трагите.

    Осомничениот се наоѓа во притвор во Поправниот дом во Сремска Митровица, од каде што ќе биде спроведен на претстојното судење.

    Исчезнувањето на Павловиќ било пријавено на 19 април од страна на неговиот брат, откако тој не се вратил дома по завршувањето на работните обврски.

    Братот на убиениот Милош го пријавил неговото исчезнување во полиција откако неговиот брат отишол на работа и не се вратил дома два дена. Тоа е она што го натерало да се сомнева, меѓутоа, никој не очекувал човекот да биде убиен на таков монструозен начин – рече локален жител на Хртковци.

    Според сознанијата од истрагата, Павловиќ повремено престојувал во куќата на осомничениот, каде што избила меѓусебната расправија.

    Неофицијално, убиениот бил во емотивна врска со мајката на осомничениот 19-годишник.

    Истражните органи се сомневаат дека телото било пренесено во шумата следната ноќ по убиството, каде што било запалено.

    Со поднесувањето на обвинението, случајот влегува во судска фаза каде што ќе се разгледуваат сите докази и околности за злосторството.

    Прочитај повеќе

    Падна криминална група која планирала хаос на изборите во Белград

    21.10.2026 во 10:49

    Двајца мажи се борат за живот – со стапови брутално ги тепале по глава, хорор во соседството

    21.10.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.