Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27

    Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија

    12.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјани се разбудија со топли радијатори – Грејната сезона почна два дена порано
    • Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата
    • Дневен хороскоп: Овенот да не донесува ризични одлуки, Ракот да избегнува расправии
    • Жена од Македонија со години била тепана од сопругот – Ја истепал и негов роднина
    • Крвава тепачка во Македонија: Се удирале со што им дошло при рака, четворица тешко повредени
    • Љупчо Николовски се прости од својот татко: „Бог да те смести со ангелите каде што ти е местото”
    • СДСМ: Црна Гора и Албанија напредуваат кон ЕУ, Македонија останува заглавена поради Мицкоски
    • 23 години без Ѓорѓи Колозов: Актерот што засекогаш ќе остане македонскиот цар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопјани се разбудија со топли радијатори – Грејната сезона почна два дена порано

    Скопјани се разбудија со топли радијатори – Грејната сезона почна два дена порано

    13.10.2026 во 09:132 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грејната сезона за потрошувачите на системите за централно греење во Скопје почна два дена порано, на 13 октомври, поради ниските температури.

    -Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но во согласност со регулативата може да започне и порано, во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден е еднаква или пониска од 12 °C. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °C, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден, велат од ЕСМ Снабдување.

    Оттаму бараат од сите корисници да ги завршат подготовките на своите внатрешни грејни инсталации, чие редовно одржување е нивна обврска. 

    -Воедно, ги повикуваме заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници, редовно електрично напојување, подмирени сметки за електрична енергија и функционални електрични инсталации. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи. Сите потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина можат да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување. За дополнителни информации, пријавување дефекти и известување за завршени интервенции, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на ЕСМ Снабдување, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, како и во службите на ЕСМ Енергетика на телефонските броеви 02 3104 816 и 02 3104 872, се вели во дописот од ЕСМ Снабдување.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Жена од Македонија со години била тепана од сопругот – Ја истепал и негов роднина

    13.10.2026 во 08:59

    Крвава тепачка во Македонија: Се удирале со што им дошло при рака, четворица тешко повредени

    13.10.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.