Жена од гостиварско пријавила дека била физички нападната пред семејната куќа од 65-годишен роднина на нејзиниот сопруг, по претходна расправија.
Настанот бил пријавен на 11 октомври во Полициското одделение Ростуше. Според пријавата, жената подолг период била изложена и на психичко и физичко малтретирање од сопругот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и документирање на наводите, по што ќе следува соодветен поднесок.

