Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27

    Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија

    12.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 23 години без Ѓорѓи Колозов: Актерот што засекогаш ќе остане македонскиот цар
    • Студено утро во Македонија – Ова се температурите во осум часот
    • Македонска делегација на средби со ММФ и Светската банка – На маса важни економски прашања
    • Тага во СДСМ: „Почивај во мир, не напушти другар кој остави траен белег”
    • „Во Бугарија се чувствувам безбедно” – Што пишуваат бугарските медиуми за Ива Михаилова
    • „Таск форс“ во акција: Приведени две лица
    • Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување во скопска населба
    • Собранието расправа за промени во администрацијата: Нови правила за унапредување, оценување и отказ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 23 години без Ѓорѓи Колозов: Актерот што засекогаш ќе остане македонскиот цар

    23 години без Ѓорѓи Колозов: Актерот што засекогаш ќе остане македонскиот цар

    13.10.2026 во 08:462 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешен ден се навршуваат 23 години од смртта на Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите македонски актери, чии улоги во „Македонски народни приказни“ оставија неизбришлива трага кај публиката.

    Роден е на 26 февруари 1948 година во Богданци, а почина на 13 октомври 2003 година во Скопје, на 55-годишна возраст.

    Колозов дипломирал на Академијата за драмска уметност во Скопје во 1973 година, по што се вработил во Македонскиот народен театар, каде што ја продолжил својата актерска кариера.

    Иако настапувал во театарски претстави, филмови и телевизиски продукции, публиката најмногу го памети по култниот серијал „Македонски народни приказни“. Во нив оживеа бројни ликови од македонското народно творештво, меѓу кои цареви, чорбаџии, кадији, селани, па дури и ликот на Господ.

    Со својот препознатлив изглед, глас и начин на глума, Колозов стана миленик на генерации гледачи и го доби прекарот „македонскиот цар“. Неговите улоги и реплики останаа дел од колективното сеќавање, а приказните во кои настапуваше и денес се гледаат со голема носталгија.

    Покрај телевизиските улоги, Колозов остави белег и во македонската филмска уметност, со настапи во филмовите „Македонскиот дел од пеколот“, „Истрел“ и други продукции.

    И по 23 години од неговата смрт, Ѓорѓи Колозов останува едно од најпрепознатливите имиња во македонската актерска историја. Неговите ликови продолжуваат да живеат преку народните приказни, потсетувајќи на актерот кој со својата дарба успеа да ги приближи македонската традиција и народната мудрост до сите генерации.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Студено утро во Македонија – Ова се температурите во осум часот

    13.10.2026 во 08:42

    Македонска делегација на средби со ММФ и Светската банка – На маса важни економски прашања

    13.10.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.