На граничниот премин Евзони, при влез во Грција, во саботата бил уапсен 46-годишен македонски државјанин по кого италијанските власти имале распишано европска потерница поради случај поврзан со трговија со дрога.
Како што објави грчката државна новинска агенција АНА-МПА, Италија бара негово екстрадирање за да ја издржи казната што му била изречена за трговија со 35 килограми кокаин.
Според информациите, кривичното дело било извршено во 2007 година, кога дрогата преку Шпанија била транспортирана до Неапол.
Уапсениот треба да биде изведен пред надлежното обвинителство во Солун, каде што ќе започне постапката по европската потерница и неговото евентуално екстрадирање во Италија.

