Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор
    • Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија

    Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија

    18.09.2026 во 12:56Updated:18.09.2026 во 13:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако сочинуваат само 4,7 проценти од претпријатијата во деловниот сектор, компаниите контролирани од странство вработуваат речиси четвртина од работниците и создаваат 37 проценти од вкупната бруто-додадена вредност во земјава.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година имало околу 3.280 странски филијали, односно домашни претпријатија контролирани од странство. Во нив работат 24,2 проценти од вкупно вработените во деловниот сектор.

    Најголем дел од додадената вредност што ја создаваат овие компании доаѓа од преработувачката индустрија – 35,3 проценти, потоа од секторот информации и комуникации со 16,7 проценти и трговијата со 11,5 проценти.

    Најголем дел од странските компании, 92,8 проценти, се контролирани од европски земји. Компаниите од земјите членки на Европската Унија контролираат 44,6 проценти од странските филијали, но во нив работат 62,8 проценти од вработените и создаваат 61,9 проценти од додадената вредност.

    Економски најзначајни се компаниите контролирани од Австрија, кои учествуваат со 17,4 проценти во додадената вредност, по што следуваат Холандија со 11, Германија со 9,7 и Обединетото Кралство со 9 проценти.

    Прочитај повеќе

    Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји

    18.09.2026 во 09:00

    Еден документ наместо куп хартии: Се подготвува нов систем за транспортот

    18.09.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.