Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Еден документ наместо куп хартии: Се подготвува нов систем за транспортот

    Еден документ наместо куп хартии: Се подготвува нов систем за транспортот

    18.09.2026 во 08:012 Mins Read
    Стопанска комора
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) денеска организира тркалезна маса посветена на транспортот и логистиката, со фокус на воведувањето на електронскиот товарен лист (е-ЦМР).

    Под мотото „Кон транспорт без хартија и без бариери – Дигитален товарен лист, отворени граници“, на настанот ќе се соберат претставници на бизнис-заедницата и надлежните институции, со цел да се разговара за конкретните предизвици при воведувањето на е-ЦМР, како и за административните и институционалните бариери во транспортот.

    Од ССКМ посочуваат дека електронскиот товарен лист е значаен чекор кон дигитализација и модернизација на транспортниот сектор. За негово целосно функционирање, како што велат, потребни се интероперабилност на системите, подобра координација меѓу институциите и воспоставување заедничка институционална архитектура преку едношалтерски систем (One Stop Shop).

    На тркалезната маса ќе биде претставен предлог-моделот за ваквата архитектура, како и законските измени и институционалните чекори потребни за имплементација на системот.

    Целта е да се овозможат помалку документи, побрзи процедури и поефикасен проток на стоки, а со тоа да се намалат времето и трошоците за транспортните и логистичките компании.

    На настанот се очекува присуство на претставници од Министерството за транспорт, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за европски прашања, Кабинетот на претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи – Гранична полиција.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.