Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји

    Пензискиот систем пред нови предизвици: ПИОМ разменува искуства со европски земји

    18.09.2026 во 09:002 Mins Read
    Фонд на ПИОМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-директорот на Фондот на ПИОМ, Вахид Ферати, и директорката на Секторот за остварување права од ПИО, Билјана Стојанова, учествуваа на меѓународен семинар во Тирана, Албанија, посветен на подобрувањето на услугите во пензиските системи.

    Семинарот, организиран од Европската мрежа на Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ИССА), се одржа под мотото „Зајакнување на услугите во пензиските шеми: Одговор на потребите на постарите лица“.

    Настанот го отвори министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај, која истакна дека функционирањето на пензискиот систем во голема мера зависи од неговата практична примена. На семинарот се дискутираше за новините во пензиските институции, условите за пензионирање, иновациите во системот и подобрувањето на достапноста на услугите за граѓаните.

    Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата и на начините дигиталните услуги да станат поедноставни и полесни за користење.

    Генералниот секретар на ИССА, Марсело Аби-Рамија Каетано, зборуваше за демографските промени и нивното влијание врз пазарот на трудот.

    Независниот експерт од Норвешка, Симон Симба, посочи дека пензијата, покрај финансиската сигурност, има важна улога и во социјализацијата и солидарноста. Тој ја истакна потребата од забрзана дигитализација, како и внимателен пристап при примената на вештачката интелигенција поради ризиците што може да ги носи нејзината употреба во институциите.

    Учесниците разговараа и за условите и начинот на пресметка на пензиите во европските земји, доставувањето потврди за живот и склучувањето договори за електронска размена на податоци, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите.

    На семинарот учествуваа претставници од Холандија, Чешка, Германија, Словачка, Полска, Португалија, Турција, Узбекистан, Франција, Србија, Австрија и Азербејџан.

    Фондот на ПИОМ е долгогодишен член на Меѓународната асоцијација за социјално осигурување и активно учествува во нејзините активности.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.