Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот

    14.09.2026 во 13:24

    Авион се урна во Германија – има загинати

    14.09.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шутиноска Лазаревска: Демократијата не се гради само со зборови, туку со преземање одговорност
    • Вучиќ најави оставка на 27 септември и порача: Мене ми наредуваат граѓаните
    • Зеленски го суспендираше генералниот обвинител Кравченко
    • (ФОТО) Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата
    • (ФОТО) Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ градела и успеала да изгради високо профилирани жени политичарки
    • Вечерва во 20 часот во Македонија измерени 9 степени – еве каде е најсвежо моментално
    • Мицкоски: Деморкатијата е на високо ниво
    • Снег и минусни температури – на регионот се заканува зима каква што немало со години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шутиноска Лазаревска: Демократијата не се гради само со зборови, туку со преземање одговорност

    Шутиноска Лазаревска: Демократијата не се гради само со зборови, туку со преземање одговорност

    14.09.2026 во 21:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – Повеќе демократија“,  во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Ана Шутиноска Лазаревска, член на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека активното учество во демократските процеси значи и преземање одговорност за донесените одлуки и порача дека гласот на секој поединец има тежина тогаш кога се претвора во конкретна одлука и учество, бидејќи демократијата не се гради само со зборови, туку со преземање одговорност за резултатите.

    „Со нашето учество денес верувам дека денес и те како покажавме дека сме подготвени секако да ја преземеме таа одговорност, и тоа е разликата за којашто сакам да зборувам, не разликата помеѓу тивок и гласен живот туку разлика помеѓу глас којшто коментира и глас којшто одлучува, првиот е удобен затоа што не носи последици, вториот условно е неудобен затоа што твоето име останува залепено за резултатот, независно дали е добар или лош, и мислам дека токму таму во таа секунда на кревање рака, токму тогаш се раѓа учеството, не во изјавите туку во еден конкретен момент кога некој ти го подава гласот и очекува да го употребиш“, рече Шутиноска Лазаревска и додаде:

    „Сметам дека демократијата не се гради од луѓе коишто остануваат безбедни на дистанца, набљудувајќи, коментирајќи но никогаш не влегувајќи внатре, таа е детерминирана од луѓето коишто во еден момент прифаќаат да ја платат цената на изложеноста еден по еден, момент по момент, одлука по одлука. За мене тоа учество значи и одговорност кон нашата татковина, кон традицијата и кон вредностите коишто не оформиле како народ. Ми претставува голема чест и привилегија што сум дел од Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ единствената партија која навистина сака да ја види Македонија просперитетна, успешна и почитувана“.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата

    14.09.2026 во 20:42

    (ФОТО) Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ градела и успеала да изгради високо профилирани жени политичарки

    14.09.2026 во 20:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.