Започнати се активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост во Скопје, во соработка со турската општина Есенлер.
Информацијата ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека ноќниот изглед на симболот на градот ќе биде усогласен со архитектонските карактеристики и историската форма на мостот.
„Овој проект е плод на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Изразувам искрена благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци што придонесуваат за неговата реализација. Заедно покажуваме дека искрените партнерства оставаат трајна вредност за градот и за граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски.
Активностите се одвиваат теренски, со цел ремените и сводовите на мостот да добијат нова визуелна дефиниција во ноќната панорама.

