Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската „Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот со Србија – треба да го заврши за 4 години

    Македонската „Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот со Србија – треба да го заврши за 4 години

    27.08.2026 во 14:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компанијата „Рапид Билд“ ќе го проектира и изгради македонскиот дел од интерконективниот гасовод Македонија–Србија, инвестиција вредна 29,4 милиони евра. Договорот денеска го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама, и директорот на „Рапид Билд“, Тони Каранфиловски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска.

    Договорот е по принципот „клуч на рака“ и ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба. Рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година.

    Македонскиот дел од гасоводот ќе биде долг 22,4 километри и ќе има дијаметар од 500 милиметри. Ќе започнува кај блок-станицата „Клечовце“, а ќе завршува на границата со Србија, во близина на селото Сопот. Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти, меѓу кои мерна и редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици.

    Предвидениот технички капацитет на гасоводот е до 160.000 кубни метри гас на час, а системот ќе овозможува двонасочен проток.

    Новиот интерконектор е дел од планот Македонија да стане транзитна точка за природен гас од југ кон Србија и понатаму кон Централна Европа. Земјава веќе го гради интерконекторот со Грција, преку кој домашниот систем треба да добие пристап до ЛНГ-терминалот во Александропулис. Оттаму, преку врската со Србија, гасот би можел да продолжи кон Унгарија, Австрија и други европски пазари.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата расте

    21.10.2026 во 11:00

    Македонија како порта кон Централна Европа – Николоски разговараше со турскиот амбасадор

    21.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.