Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени

    Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени

    25.08.2026 во 21:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Топлотниот бран што ја зафати Грција продолжува да носи екстремно високи температури, а особено тешки се условите во Атика, поширокиот регион на Атина, каде што и во доцните вечерни часови температурите достигнаа 32-33 степени Целзиусови.

    Според податоците на метеоролошката служба „Метео“ при Националната опсерваторија во Атина, високите температури во комбинација со високата влажност на воздухот создадоа услови на спарина и изразена жештина во грчката метропола.

    Мапата објавена од „Метео“ покажува дека во 23.45 часот во повеќе делови од пошироката област Атика температурата била над 30 степени.

    Топлотниот бран, според прогнозите, ќе продолжи и во наредните денови. Поради високите температури и многу високата опасност од пожари, за денеска Атика и уште 11 региони во Грција се ставени во состојба на мобилизација, односно Red Code (црвен код).

    Мерката опфаќа делови од централна Грција и Евија, Кикладските Острови, како и островите во северниот дел на Егејското Море.

    Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција информираа дека при состојба на мобилизација (Red Code) „националниот механизам се става во целосна готовност, со активирање и распоредување на потребниот човечки потенцијал, како и материјални средства и опрема соодветни на потребите“, со цел навремено справување со вонредни состојби.

    Прочитај повеќе

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15

    Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството

    06.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.