Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството

    Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството

    06.10.2026 во 10:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Никола Мартан (31) од Гола, кој на почетокот на јули беше тешко повреден во напад пред кафуле во Хрватска, почина по речиси три месеци борба за живот.

    Неговите пријатели за хрватските медиуми, раскажале што се случувало.

    -Поради тешките повреди на главата, лекарите го ставија во индуцирана кома, а кога сакаа да го разбудат, тој не реагираше. Така два месеци беше во кома во болница, а никој од нас, заедно со неговата мајка, не ја губелше надежта дека ќе се опорави. Пред еден месец се разбуди од кома, а иако не можеше да зборува и да оди, сите верувавме дека ќе се опорави. Повеќе не можеше да остане во болница, а бидејќи неговата состојба бараше 24-часовна грижа, мајка му најде сместување во установа, каде што требало да остане додека таа не ја заврши сезонската работа – рекле потресените пријатели на Никола.

    Кога сите се надевале дека неговата состојба се подобрува, следувал нов шок. Добил воспаление на белите дробови, поради што повторно завршил во болница.

    – Токму кога почна малку да ја движи десната рака и понекогаш да ѝ се насмевнува на мајка му, се појави тоа несреќно воспаление на белите дробови. Новиот престој во болница немаше среќен крај и во четвртокот стигна веста што никој не сакаше да ја слушне – нашиот Никола почина. Неговиот организам едноставно, откако беше претепан, бил ослабен и не успеал да ја добие битката за живот. Никој од нас не знае што било поводот за младите момчиња да го нападнат него и неговите пријатели од Србија, но ништо повеќе не може да го промени фактот дека засекогаш го загубивме – велат потресените пријатели.

    Сите што го познавале, додаваат тие, многу добро знаат дека бил „човек со душа“, иако животот не го галел.

    Во раното детство останал без татко. Неговата мајка го извела на вистинскиот пат и веќе втора година по ред заедно оделе во Истра да работат сезонски. Минатата година ја продале куќата во Гола бидејќи поголемиот дел од годината работеле на Јадранот, а купиле куќа.. Тој има 13-годишен син на подрачјето на Ѓурѓевац, за кого добро се грижел, иако набргу по раѓањето на детето се разделил со неговата мајка.

    – Страшно е тоа што поради нечие лудо однесување една мајка сега ќе го погреба своето дете, а едно дете својот татко – велат пријателите на Никола.

    Според полицијата, по кратка вербална расправија, 19-годишник го удрил Никола со тупаница во главата. Никола паднал на земја и се здобил со особено тешки повреди. „Подравски“ пишува дека при падот со главата удрил во работ на тротоарот.

    Напаѓачите потоа тргнале и кон неговите двајца колеги. Еден 33-годишен државјанин на Србија, 19-годишник и 18-годишник продолжиле да го удираат откако паднал на земја, додека друг 19-годишник соборил 24-годишен државјанин на Србија, по што сите тројца го удирале со раце и нозе по телото и главата.

    Двајцата државјани на Србија се здобиле со полесни повреди. Тројцата осомничени, двајца тогаш 19-годишници и еден 18-годишник, набрзо биле пронајдени и уапсени.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.