Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДЗС со тимови на терен: Потрага по исчезнато лице кај Вардар во гостиварско
    • Германија ги заострува критериумите за добивање дозвола за постојан престој и германско државјанство за доселениците
    • Трамп и Нетанјаху подготвуваат нова воена операција
    • Граѓаните ќе одлучуваат кои еколошки проблеми се приоритет за Центар
    • Акција на „Таск форс“ кај Ќафасан: Го фатиле со вреќа полна дрога
    • Полицаец пукаше кон автомобил и уби едногодишно дете: Обвинителството во Мисисипи тврди дека е оправдано
    • Муцунски со средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија
    • Ненадеен пресврт на времето: Температурите паднаа за 10 степени во соседството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Филипче е одговорен за модуларните болници, непокренувањето обвинение не значи невиност

    Лефков: Филипче е одговорен за модуларните болници, непокренувањето обвинение не значи невиност

    25.08.2026 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче како прв човек на СДСМ треба да молчи кога станува збор за здравството, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според Лефков, изјавите на Филипче дека обвинителството не покренало обвинение против него не претставуваат доказ за негова невиност, туку покажуваат дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите.

    „Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници“, изјави Лефков.

    Тој посочи дека ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот изготвен по пожарот во Тетово, кој според него имал за цел да го спаси тогашниот министер од одговорност.

    „Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

    Лефков заклучи дека опозицијата не треба да зборува за грижа за здравството и за граѓаните.

    „Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравството на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти“, рече Лефков.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.