Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Се гради нова градинка во Гази Баба, инвестиција од 147 милиони денари

    (ФОТО) Се гради нова градинка во Гази Баба, инвестиција од 147 милиони денари

    21.07.2026 во 12:272 Mins Read
    default
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Гази Баба започнаа градежните активности за изградба на нова детска градинка лоцирана помеѓу населените места Маџари и Керамидница.

    Градоначалникот Бобан Стефковски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, изврши увид на терен во изведбата на овој капитален објект.

    Ова е трета нова детска градинка што се гради во општината, а средствата во висина од 147 милиони денари се обезбедени преку вториот владин повик.

    Новиот современ објект ќе се простира на површина од 1.360 квадратни метри, организиран на приземје и еден кат, со вкупен капацитет за згрижување на 150 деца.

    Во рамки на објектот предвидени се 10 современо опремени занимални, од кои две за јасли и осум за деца од предучилишна возраст, а предвидениот рок за изградба е 18 месеци.

    Градоначалникот Стефковски посочува дека градежните работи се одвиваат со засилена динамика:

    „Работите се одвиваат со силно темпо и доколку продолжи вака, очекувам овој капитален проект да биде завршен пред договорениот рок. Тоа е доказ дека кога институциите работат координирано, кога постои одговорност и посветеност, резултатите доаѓаат побрзо од очекуваното.“

    Тој најави дека наскоро ќе започне изградбата и на четврта нова градинка на подрачјето на општината, која ќе се наоѓа во Сингелиќ.

    „Наскоро започнуваме со изградба и на четвртата нова детска градинка во Сингелиќ. Постапката за избор на економски оператор е во завршна фаза и многу брзо ќе започне реализацијата и на овој значаен проект. Нашата цел е јасна – да обезбедиме доволно места за секое дете, да ги намалиме листите на чекање и да им дадеме вистинска поддршка на младите родители“, истакна Стефковски.

    Првиот човек на општината порача дека фокусот на локалната власт останува насочен кон реализација на инфраструктурни и социјални проекти.

    „Делата се најсилниот аргумент. Резултатите се најдобриот одговор, а довербата на граѓаните се оправдува единствено со чесна, одговорна и посветена работа. Продолжуваме. Со визија! Со дела! Со уште посилно темпо! Да им служиме на граѓаните!“, порача тој.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.