Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Македонија на Јуниорскиот Евросонг: Гласајте за Ана Стојаноска
    • Постапка за измами на граѓани со „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации
    • Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
    • Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
    • СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа
    • Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
    • Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува собраниската дебата за буџетот: За власта развоен проект, за опозицијата промашени приоритети

    Продолжува собраниската дебата за буџетот: За власта развоен проект, за опозицијата промашени приоритети

    04.07.2026 во 10:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата во второ читање за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, за кој се поднесени над 200 амандмани. Расправата во матичната комисија е предвидено да трае вкупно 10 дена.

    На првиот ден од расправата, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска појасни дека промените не се прават поради проблеми со ликвидноста, туку за усогласување со новите економски текови.

    „Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот, туку е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски услови, да се обезбедат дополнителни средства за законските обврски што значат редовна исплата на платите во секторите во кои е обезбеден раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната заштита и за општините, како и дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

    Во однос на самата рамка на ребалансот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,5 милијарди денари. Притоа, даночните приходи остануваат речиси непроменети на 213,2 милијарди денари, неданочните приходи се зголемуваат за речиси две милијарди денари, додека кај донациите има раст од речиси 2,7 милијарди денари.

    На расходната страна, вкупните расходи се проектирани на 425,8 милијарди денари. Обезбедени се повеќе пари за земјоделски субвенции (плус 1,4 милијарда денари, со што вкупно изнесуваат 8,7 милијарди денари), како и за железничкиот сообраќај, поддршка на спортот, студентскиот и ученичкиот стандард. Од друга страна, расходите за стоки и услуги се кратат за приближно 837 милиони денари и се пренасочуваат кон приоритетни потреби.

    Посебен акцент се става на капиталните инвестиции кои се зголемуваат за 5,8 милијарди денари (или 14,5 отсто раст во однос на првичниот буџет) и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Поради ова, буџетскиот дефицит се ревидира на 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП, што е зголемување за 0,6 процентни поени.

    „Првпат корекцијата на дефицитот е резултат, пред сè, на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата, односно зборуваме за дефицит што ќе финансира развој. Средствата се насочени кон реализација на капитални проекти од стратешко значење за државата и граѓаните, што ќе остане принцип на работа на оваа Влада“, порача Димитриска-Кочоска.

    Околу ваквите буџетски измени веќе се спротивставија ставовите во Собранието. Додека пратениците од власта посочија дека промените овозможуваат зајакнување на економијата и реализација на развојни проекти, опозицијата излезе со оценка дека со овој ребаланс воопшто не се адресираат клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.