Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цената на нафтата продолжува да расте

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на суровата нафта забележаа нов раст на светските берзи, при што суровата нафта од типот „Брент“ се искачи над 91 долар за барел, додека европските берзански индекси забележаа мешани резултати.

    Инвеститорите и пазарите во моментов ги очекуваат конечните податоци за инфлацијата во еврозоната, како и записниците од последниот состанок на американските Федерални резерви (ФЕД) за насоката на каматните стапки.

    Суровата нафта од типот „Брент“ утрово порасна за 0,82 проценти и се тргуваше по цена од 91,746 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI забележа раст од 0,88 проценти на 85,646 долари.

    Кај европските берзански индекси, германскиот DAX падна за 0,11 проценти, а миланскиот FTSE MIB за 0,08 проценти. Од друга страна, францускиот CAC 40 забележа благ раст од 0,19 проценти, британскиот FTSE 100 од 0,02 проценти, а московскиот MOEX порасна за 0,28 проценти.

    Во текот на неделата се очекува објавување на записникот од со состанокот на ЕЦБ за монетарната политика, како и податоците за трошоците за работна сила и индексот на менаџери за набавки (PMI) во еврозоната.

    На берзата во Амстердам (TTF), европските фјучерси за гас за септември се тргуваа по цена од 64,3 евра за мегават-час.

    Вредноста на еврото во однос на доларот изнесува 1,15922 долари, цената на златото се искачи на 4.348,93 долари за тројанска унца, додека цената на пченицата изнесува 6,6788 долари за бушел.

    На американските берзи, индустрискиот индекс Dow Jones забележа пад од 0,22 проценти на 53.343,40 поени, S&P 500 падна за 0,69 проценти на 7.691,76 поени, а Nasdaq забележа пад од 1,33 проценти спуштајќи се на 26.289,71 поени.

    Прочитај повеќе

    Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

    11.09.2026 во 17:25

    Евро банкнотите добиваат нов изглед

    11.09.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.