Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

    Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

    14.06.2026 во 10:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на денешната прес-конференција алармираше за сериозниот проблем со недостигот на лекот ‘фактор 8’, неопходен за лицата со хемофилија.

    „Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во вистинска голгота поради недостигот на лекот ‘фактор 8’. Уште од мај минатата година, кога беше раскинат тендерот за овој лек, пациентите постојано добиваат ограничени количини, далеку под нивните реални потреби“, истакна Мојсоска.

    Според информациите доставени до Левица од самите пациенти, едно лице со хемофилија наместо потребните 30.000 единици месечно, добива само 7.000 единици од лекот. Поради ваквите рестрикции, дел од пациентите се принудени да живеат врзани за кревет и се соочуваат со сериозно нарушен квалитет на живот. Мојсоска посочи дека со Институтот за трансфузиона медицина раководи директорот Амир Ељези, кадар на владејачката коалиција, кој повеќе од една година не успева да го обезбеди лекот во потребните количини.

    „Уште во јануари, на седница за пратенички прашања, заменик-министерот за здравство Јовица Андовски уверуваше дека лекот ќе биде набавен во доволни количини и дека лицата со хемофилија можат да бидат спокојни. Но, лицата со хемофилија повторно алармираа до Левица дека лекот ‘фактор 8’ го нема во потребните количини.“, нагласи таа.

    Од Левица оценуваат дека е недозволиво пациенти да молат за основна терапија од која им зависи здравјето и животот.

    „Нечовечно и нехумано е лица да молат за лек во држава која троши милиони на авокадо и аспарагус. Прашањето е кој ќе ја сноси одговорноста доколку кај лицата со хемофилија настапат животно-загрозувачки последици само поради неспособноста на директорот Ељези да го обезбеди потребниот лек ‘Фактор 8’“, порача Мојсоска

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.