Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари

    Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари

    18.09.2026 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип почна манифестацијата штипска „Пастрамајлијада 2026“. Џиновската пастрамајлија  беше долга два метри и 10 сантиметри, за нејзина подготовка на пекарот Николче Малинов и неговиот тим им беа потребни 17 килограми свинско месо, четири литри масло за јадење и 20 килограми брашно.

    Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Штип организациски е подготвен да ги пречека гостите од земјата и странство, за да го вкусат кулинарскиот специјалитет по кој градот Штип е препознатлив, но и да се забавуваат, бидејќи и годинава има музички групи и познати музички артисти од земјата и странство.  

     -Оваа година на две локации се предвидува да има организирано настани и културно-забавна уметничка програма на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а Градскиот стадион е локацијата на која што ќе се одржи вечерниот концерт на Јован Јованов и Елмир Мекиќ, за да на крај заврши познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. ​Посакувам сè да помине во најдобар ред. Логистички и организационо се подготвивме да бидеме подобри од минатите години во комуникација со надлежните институции. Направен е план за влез на илјадници возила од страна, а во име на тоа апелирам до сите гости кои од околните градови и држави кои планираат викендов да пристигнат во Штип, неколку неколку часа порано да дојдат, затоа што имаат причина повеќе да вкусат штипска пастрмајлија, да се запознаат со градот Штип и да уживаат во богатата програма која е предвидена во овогодинешната манифестација „Пастрмалијада 2026“ – изјави Јорданов

    ​Тој истакна дека со организирањето на оваа манифестација се помага и локалната економија и угостителски капацитети 

    – Верувам дека илјадниците гости од страна, со прометот кој што ќе го направат практично ќе ја подобрат дејноста на стотици дејности и локални компании кои ќе работат овој викенд во Штип и на тој начин да ѝ помогнеме на локалната економија. Така што, сè на сè, оваа манифестација продолжува од повеќе аспекти, а локалната економија е една од причините зошто се јавуваме како главни организатори и поддржувачи на оваа манифестација – вели Јорданов.

    Манифестацијата ќе се одржува на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Гардскиот стадион во Штип. Денеска сите настани се на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а познатиот специјалитет пастрамајлија се продава и на двете локации по цена од 250 денари

    Прочитај повеќе

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор

    06.10.2026 во 15:51

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.