Триесет и тригодишен битолчанец е приведен откако физички ги нападнал сопругата и нејзиниот татко.
Според полицијата, случајот се случил синоќа околу 23:30 часот, по што полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода.
Нападнати биле неговата 36-годишна сопруга и нејзиниот татко.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

