Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

    ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

    07.06.2026 во 11:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити, се наведува во соопштението од ДУИ.

    Според официјалните податоци од Катастарот:

    • Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и Недим Рама.

    • Двајцата се поврзани со парцелата 1/455, регистрирана на истата локација.

    • За истата парцела е отворен и Лист за предбележување на градба бр. 1213, каде како носител на правото е заведен Висар Ганиу.

    • На оваа парцела се евидентирани седум објекти со намена „А4-3 – викенд куќи“.

    Значи, не станува збор за обичен имот, туку за комплекс од повеќе викенд-објекти поврзани со лица кои до вчера управуваа со локалната власт, а денес раководат со стратешки државни институции.

    Овие документи отвораат легитимни прашања кои заслужуваат јавен одговор:

    • Кога и како е воспоставена оваа имотно-правна врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама?

    • Со какви финансиски средства е реализирана изградбата на седумте викенд-објекти?

    • Дали овие имоти и инвестиции се пријавени во анкетните листови и во изјавите за имотна состојба?

    • Дали постојат и други деловни односи меѓу лица кои денес контролираат значајни јавни функции?

    Ова не е политичко прашање.

    Ова е прашање на потекло на имотот, транспарентноста и можниот судир на интереси кај лица кои со години управувале со јавни буџети, а денес раководат со институции од стратешко значење за државата.

    ДУИ ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство без одлагање да ги испитаат сите околности поврзани со оваа заедничка сопственост и со изградбата на комплексот викенд-куќи.

    Граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање:

    Дали зад политичкото партнерство на ВЛЕН се крие и приватно, односно деловно партнерство?, прашуваат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.