Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пазарите под притисок: Скокна цената на нафтата

    Пазарите под притисок: Скокна цената на нафтата

    03.06.2026 во 11:15Updated:03.06.2026 во 11:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најавата од Вашингтон за воведување нови царини за 60 трговски партнери, вклучувајќи ги ЕУ, Кина и Јапонија, предизвика пад на европските берзи и остар раст на цената на нафтата, која на почетокот на денешното тргување се приближи до границата од 100 долари.

    Берзанските извештаи во 9 часот и 30 минути покажуваат дека брент нафтата поскапе за 2,01 отсто и се продава за 97.832 долари, додека суровата нафта забележа скок од 2,31 отсто, со вредност од 95.906 долари за барел.

    Ваквите најави веднаш се одразија во Европа, каде германскиот DAX падна за 0,77 отсто, францускиот CAC 40 е во минус од 0,46 отсто, FTSE 100 се намали за 0,31 отсто, а московскиот MOEX забележа пад од 0,15 отсто.

    Медиумот CNBC јавува дека предложените дополнителни давачки од страна на САД би можеле да изнесуваат до 12,5 отсто. Мерката е насочена кон држави кои според Вашингтон не го спречуваат увозот на стоки добиени со принудна работа.

    Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир ја образложи ваквата одлука со позицијата на домашните стопанственици.

    „Најголемите трговски партнери на САД не одговориле соодветно на проблемот со производите создадени со принудна работа, што ги става американските работници во конкурентна неповолна положба на светскиот пазар“, наведе Грир.

    Денешниот берзански ден ќе биде обележан и со објавувањето на новите макроекономски показатели за невработеноста во Русија, шпанскиот PMI индекс, како и податоците за БДП на Австрија.

    Во делот на енергенсите и валутите, цената на гасот во Амстердам изнесува 48,3 евра за мегават-час, додека односот евро-долар на Forex пазарот се движи на ниво од 1,16147 долари. Надолна корекција има кај златото, кое падна на 4.457,13 долари за тројска унца, како и кај пченицата која се тргува за 5.9890 долари за бушел.

    Наспроти европскиот пад, пазарите во САД бележат позитивни движења. Индексот Dow Jones се искачи на 51.307,79 поени (раст од 0,45 отсто), S&P 500 изнесува 7.609,78 поени (раст од 0,13 отсто), а Nasdaq бележи минимален плус од 0,03 отсто со вредност од 27.093,90 поени.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.