Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов училишен базен во Карпош вреден 46,7 милиони денари, Мицкоски најави нови капитални вложувања

    Нов училишен базен во Карпош вреден 46,7 милиони денари, Мицкоски најави нови капитални вложувања

    02.06.2026 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Карпош денеска беше пуштен во употреба нов училишен базен, инвестиција вредна над 46 милиони денари. На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека овој објект е потврда за заложбите за рамномерен развој и исполнување на ветувањата пред граѓаните.

    Премиерот ги објави карактеристиките на новоизградениот капацитет, нагласувајќи ја неговата намена.

    „Денеска присуствував на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри og должина од 25 метри“, соопшти Мицкоски.

    Шефот на владата порача дека динамиката на отпочнување и реализација на инфраструктурните проекти ќе продолжи со исто темпо.

    „Посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат“, напиша Мицкоски.

    Тој подвлече дека централниот буџет обезбедува силна финансиска поддршка за сите општини преку координирани програми на ресорните министерства.

    „Како Влада продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра“, дециден е премиерот.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Нови рекорди на бензинските пумпи: Цените на горивата во Германија и Италија вртоглаво растат

    17.09.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.