Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид

    Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид

    01.06.2026 во 18:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означивме почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, пишува на ФБ градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Според него, безбеден, функционален и достоинствен пристап до ваква значајна здравствена установа не е луксуз, туку обврска.

    -Станува збор за улица која со години беше во исклучително лоша состојба и чија реконструкција одамна беше неопходна.

    Денес, конечно, започнува со решавање на овој реален проблем кој предолго ги оптоваруваше граѓаните. Со проектот е предвидена целосна санација и уредување на коловозот, со цел да се обезбеди побезбеден, поквалитетен и подолготраен сообраќаен пристап. Дополнително, ќе се изгради и потпорен ѕид во должина од околу 50 метри и висина од околу 4 метри, со што ќе се зајакне стабилноста на теренот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се спречат идни оштетувања и ризици на овој потег, вели скопскиот градоначалник.

    За Карпош, вели тој, има сериозни капитални проекти.

    -Мостот на „Љубљанска“ веќе е во напредна фаза. Проект кој со години беше закочен и за многумина изгледаше речиси невозможно да биде пуштен во функција, денес е одблокиран и се реализира со засилена динамика. Веднаш по преземањето на функцијата, се фативме за работа. Со посветеност, волја и добро менаџирање ја добивме потребната согласност од Конзерваторскиот центар, а денес на терен веќе се градат потпорните ѕидови што е уште еден важен чекор поблиску до финалното пуштање во употреба на мостот и изградбата на улицата која значително ќе го намали сообраќајниот хаос во овој дел од градот. Интензивно се работи и на клучката „Момин Поток“. И овој проект, кој во минатото беше заглавен поради недостаток на волја и одлучност, денес е одблокиран и се реализира со силно темпо, информира градоначалникот на Град Скопје.

    Додава дека се градат три моста, асфалтиран е дел од трасата, а наскоро продолжуваме и со изградба на другиот дел од мостот на Серава, како и со реконструкција на целиот потег.

    -Карпош, ќе добие и голем парк од околу 70.000 м², на потегот помеѓу булеварот „Илинден“ и „Љубљанска“. Тоа ќе биде ново зелено катче за сите генерации, простор за рекреација, спорт, одмор и дружење. Со овој проект ќе го вратиме животот во еден заборавен дел од градското ткиво и ќе создадеме нова вредност за Карпош и за цело Скопје. Работата е нашиот потпис.

    Ние ветуваме за да реализираме. Чекор по чекор, проект по проект, го враќаме редот, динамиката и развојот во Скопје, пишува Ѓорѓиевски на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.