Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница меѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро треба да започне реализацијата на нов агроцентар вреден над 50 милиони евра.
радоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски проектот го најави како еден од најзначајните агроинфраструктурни зафати во поновата македонска историја, а според најавите ќе претставува централен логистички пункт за земјоделците од целата држава.
Современиот агроцентар ќе опфаќа магацински капацитети, ладилници со современа технологија, линии за сортирање и пакување, модерен дистрибутивен центар, како и инфраструктура за товарни возила и напредни транспортно-логистички системи.
Од Општина Гази Баба посочуваат дека проектот има за цел да обезбеди организиран и сигурен пласман на домашното земјоделско производство, како и подобра организација на пазарот и намалување на загубите кај производителите.
Со реализацијата на инвестицијата се очекува зголемување на конкурентноста на македонските производи, олеснет извоз и побрза дистрибуција низ државата и регионот.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, оцени дека проектот претставува инвестиција во иднината на македонското земјоделство и нова перспектива за домашните производители.

