Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Волк шетал низ Скопје со ремче и ланец: Несовесен граѓанин го чувал како милениче, градоначалникот Ѓорѓиевски со остра реакција

    13.05.2026 во 09:03

    Астролозите ги рангираа хороскопските знаци од најголеми до најмали егоисти: Откријте каде сте вие на листата

    12.05.2026 во 23:47

    МВР потврди: Љупчо Николовски е повикан на разговор на 7 мај

    12.05.2026 во 23:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Волк шетал низ Скопје со ремче и ланец: Несовесен граѓанин го чувал како милениче, градоначалникот Ѓорѓиевски со остра реакција
    • Астролозите ги рангираа хороскопските знаци од најголеми до најмали егоисти: Откријте каде сте вие на листата
    • МВР потврди: Љупчо Николовски е повикан на разговор на 7 мај
    • Актерката Сиена Милер третпат стана мајка
    • Криза со горивото во Британија: Расте бројот на откажани летови пред летната сезона
    • Дејвид Гета се огласи по најавата за настап за Денот на незавиноста на Македонија
    • Радост во Скопје ЗОО: Прво јајце од фламингата
    • Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на службен разговор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Волк шетал низ Скопје со ремче и ланец: Несовесен граѓанин го чувал како милениче, градоначалникот Ѓорѓиевски со остра реакција

    (ФОТО) Волк шетал низ Скопје со ремче и ланец: Несовесен граѓанин го чувал како милениче, градоначалникот Ѓорѓиевски со остра реакција

    13.05.2026 во 09:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во една скопска населба синоќа бил заловен волк, кој според првичните информации, бил незаконски чуван како домашно милениче. Животното било затекнато со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните служби.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати остра осуда за овој настан, нагласувајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста на сите граѓани.

    „Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции.

    Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина.

    Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот!

    Во Скопје мора да има ред!

    Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.

    Прочитај повеќе

    Стефковски за немилиот настан во училиште во населбата Ченто: Напаѓачот е поранешен ученик, повредениот ученик е на болничко лекување

    12.05.2026 во 16:09

    Модернизација на скопската пожарна: Пристигна ново специјално возило „MAN“ со капацитет од 6.000 литри

    12.05.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.