Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Падна сопственичка на салон за убавина: Разоткриена шема со нелегални филери и средства за слабеење

    06.05.2026 во 14:01

    ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководствотопреминува од бројки кон влијание

    06.05.2026 во 13:57

    Кичевчанец заработи кривична – со автомобил удрил во три лица по расправија

    06.05.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Падна сопственичка на салон за убавина: Разоткриена шема со нелегални филери и средства за слабеење
    • ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководствотопреминува од бројки кон влијание
    • Кичевчанец заработи кривична – со автомобил удрил во три лица по расправија
    • Кривична пријава за судски полицаец од Радовиш: Се заканувал на јавна обвинителка додека бил на работа
    • Скопјани вознемирени: Непријатна миризба на хемиски агенси се ширела по кејот на Вардар
    • Скопјанец пронајден починат во „пежо“ на улицата „Перо Наков“
    • Нови брендови и модерни концепти: Diamond Mall ја проширува својата понуда
    • Мицкоски: Цените на храната во април со минимален раст, очекувам инфлацијата да падне под 4 отсто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Падна сопственичка на салон за убавина: Разоткриена шема со нелегални филери и средства за слабеење

    (ФОТО) Падна сопственичка на салон за убавина: Разоткриена шема со нелегални филери и средства за слабеење

    06.05.2026 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.

    „Криминалната шема е разоткриена на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

    Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување.

    За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

    Против осомничените, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“, соопшти Царинската Управа.

    Прочитај повеќе

    Кичевчанец заработи кривична – со автомобил удрил во три лица по расправија

    06.05.2026 во 13:53

    Кривична пријава за судски полицаец од Радовиш: Се заканувал на јавна обвинителка додека бил на работа

    06.05.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.