Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младите ги учат велигденските обичаи од повозрасните: Герасимовски на креативна работилница во „Киро Глигоров“

    Младите ги учат велигденските обичаи од повозрасните: Герасимовски на креативна работилница во „Киро Глигоров“

    09.04.2026 во 10:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на едукативно-креативната работилница во ООУ „Киро Глигоров“, каде пензионерките од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците за велигденските обичаи, фарбањето на јајца и подготовките за големиот  празник, како дел од часот по домаќинство.

    „Бев сведок на прекрасна атмосфера каде младите  учеа од повозрасните за нашата богата традиција, во пресрет на Велигден. Радоста и ентузијазмот беа големи и  кај учениците и кај нашите пензионерки. Ваквите проекти сплотуваат генерации. Повозрасните се чувствуваат корисни, а младите се запознаваат со обичаите“, рече Герасимовски.

    Општина Центар-Скопје, во рамки на проектот „Застапеност на своевремениот наставен предмет домаќинство во образовниот процес“, веќе втора година организира работилници за учениците од седмите одделенија од сите општински основни училишта.

    Заедно со пензионерките, учениците совладуваат практични вештини како готвење, месење колачи, шиење, кроење, плетење и везење, како и активности за уредување на домот.

    Работилниците се одржуваат во сите осум основни училишта и во Здружението на пензионери на Општина Центар.

    Целта на проектот е учениците да ги прифатат и практикуваат позитивните вредности застапени во наставното градиво од изборниот предмет „Вештини на живеење“.

    Прочитај повеќе

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38

    ФОТО: Чистка во Карпош – старите коли во отпад

    25.08.2026 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.