Министерот за дигитална трансформација е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста.
Во рамки на дијалогот, Андоновски ја предводи сесијата која ќе се однесува на дополнително зајакнување на партнерството во делот на сајбер-безбедноста, преку поддршка за развој на институционалните капацитети, проценка и унапредување на заштитата на критичната дигитална инфраструктура, како и понатамошна соработка со доверливи меѓународни партнери.
Според информациите од Стратешкиот дијалог, се предвидува продлабочена експертска и техничка соработка со релевантни американски институции, со цел унапредување на националните способности за превенција, детекција и одговор на сајбер-закани, како и поддршка во процесите на стратешко планирање и модернизација на безбедносните системи.
Андоновски изјави дека во рамки на партнерството се разгледуваат можности за поддршка во развој на напредни сајбер-капацитети и зајакнување на заштитата на клучните државни системи, преку обука, опрема и размена на експертиза.
“Оваа соработка е во целосна согласност со стратешките приоритети на Владата и Министерството за дигитална трансформација, вклучително и имплементацијата на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028, како и усогласувањето со европските стандарди и директиви.”, изјави Андоновски по сесијата.
Министерството за дигитална трансформација останува посветено на изградба на сигурна, отпорна и доверлива дигитална инфраструктура, како предуслов за ефикасни јавни услуги, заштита на институциите и зајакнување на довербата на граѓаните.
“Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува важен столб во унапредувањето на националната дигитална и сајбер-отпорност и силна поддршка за реформските процеси во оваа област.”, заклучи Андоновски.
- Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме
- Нова измама: Со порака ви бараат 1.500 денари за лажна казна – МВР ги објави деталите
- Филков: Одлуката за мазутот е удар врз довербата, очекувам ОЈО ГОКК да објасни зошто ја запре истрагата
- Хуманоста на дело: Стефковски покрена акција за самохрана мајка на три деца која живее во тешки услови
- Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот
- Пукање во филипинскиот парламент
- Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник
- (ВИДЕО) Димитриевиќ: Мицкоски му диктира задачи на обвинителот

