Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 2.2.2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,235 ден/кг и сега ќе изнесува 33,650 ден/кг.
Од 10.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,650 (денари/килограм)
- Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
- Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
- СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
- НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Какви се личностите родени во април?
- Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
- Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

